wordpress counter

Најдобрата улична храна во светот (2 дел)

Во првиот дел, пишувавме за највкусната улична храна во Бурма, Тајланд, Виетнам, Индија и Босна и Херцеговина. Денес го продолжуваме списокот на најдобрата улична храна според угледниот британски весник „Гардијан“.

Сфењ, Мароко
Станува збор за сунѓерести колачиња во вид на прстени, направени од тесто без млеко и путер. Се јадат наутро или доцна попладне. Се верува дека овој специјалитет го донеле Арапите во текот на 18-тиот век. Цената му е 6 денари, но тешко дека ќе се задоволите со едно.

Воки-токи, Јужна Африка
Станува збор за печени пилешки нозе и крилца. Потекнува од времето на апартхејдот, кога богатите ги јаделе поубавите делови од пилешкото месо, а крилцата и нозете им ги давале на работниците. Се јадат и варени со сол и зачини или како супа со кромид, пиперки и домати. Цена: 60 денари за килограм.

Тамалес, Мексико
Ова е појадок или меѓуоброк во Мексико. Латиноамериканците уживаат во свинско или пилешко месо со салса, заедно со поблаго чили и сирење. Целото јадење е „спакувано“ во пченкарно лепче или во варен лист од дрво на банана. Цена: 40 денари.

Ред ред, Гана
Топло, слатко и зачинето, Ред ред е комбинација од грав и пржен кокос во масло од црвена палма. Тајната е во богатиот вкус на ова масло. Кромид и чили се пржат во маслото, му се додава грав и сушен прав од касава. На крај, се додава солен пржен кокос. Цена: 30 денари.

Каривурст, Германија
Колбас во пикантен сос од домати и зачини. Ова е доволно да влезете во вечерна кулинарска нирвана. Можете да комбинирате со чипс, бело лепче или интегрална ролна. Потекнува од 1949 година, кога Херта Хјувер нашла кари во прав кој го додала кон доматен сос и потоа го полеала врз колбаси. Цена: 120-200 денари. ●

Related Posts with Thumbnails