wordpress counter

Отворен првиот музеј на помфритот

Градот Бриж во Белгија е дом на првиот музеј во светот посветен на едно од омилените јадења – помфритот. Музејот го основале семејствата Кедрик и Ван Беле. Станува збор за едукативен музеј, кој ја објаснува историјата на компирите, од нивното наоѓање во Јужна Америка, па сѐ до денес.

Денес, компирите најчесто се консумираат како „френч фрајз“ или пржени компирчиња. Освен што може да се запознаете со овој „специјалитет“, ќе добиете и совети како да го направите најдобро што може.

Инаку, музејот работи секој ден, освен за празници. Влезницата е само 6 евра. Приземјето е посветено на компирите, а првиот кат на пржените компирчиња и нивната историја. Дури може и да вкусите од ова јадење.

Кедрик и Ван Беле ги основаа и музејот на светлата и музејот на чоколадите во Белгија.

Related Posts with Thumbnails