wordpress counter

Патување низ светот: Сирење (1 дел)

Сирењето има важна улога во речиси секоја кујна во светот. Поради тоа, постојат илјадници видови на сирење, карактеристични за определен дел од светот. Некои од нив направија светска кариера и станаа синоним за квалитет и посебност. Токму тие сирења ќе ви ги претставиме во неколку продолженија.

Ементалер
Ементалер е швајцарско полутврдо сирење кое се прави од кравјо млеко. Изворно е направено во долината Ементал во кантонот Берн. Оттаму и неговото име. Денес, преку 1.600 производители низ целиот свет прават Ементалер. Содржи 45% масти, а најпознато е по своите дупчиња, кои се резултат на делувањето на плинот во текот на неговото зреење. Одлично оди со пиво и вино и се користи при подготовка на фонду. Во некои земји го има во секој сендвич, а кај топлите јадења се ренда и се запекува.

Гауда
Ова е најценетото и најпознатото холандско сирење. Започнало да се изработува уште во 6-от век во истоименото село покрај Ротердам. Станува збор за полутврдо сирење кое се прави од кравјо млеко, има сладок вкус и светло жолта боја. Може да се послужи како предјадење, во комбинација со сувомеснати производи, или како дел од ладни и топли сендвичи.

Едамер
Ова сирење најлесно се препознава по својата црвена или жолта облога од восок. Едамер е полутврдо сирење со златно-жолта боја, кое потекнува од малото пристаниште Едам, северно од Амстердам. Едамерот нема карактеристичен мирис и многу помалку масти од другите сирења. Многу добро се комбинира со овошје (диња, праска, кајсии). На почетокот се правел само во кружен облик, но денес се прави и во блокови. Може да се користи за подготовка на сосови и сендвичи, а холанѓаните секое утро го служат со леб или крекери.

Related Posts with Thumbnails