wordpress counter

Пази, аспарагус!

Басано дел Грапа е мало гратче на северот на Италија кое од долгата зима се буди на еден необичен начин. Иако овој предел е познат по дрвениот мост дизајниран од Андреа Паладио, сепак, таму во полн ек е сезоната на аспарагус.

Франко Скомацон е сопственик на неколку рибни ресторани во оваа област и секоја година организира настан на кој се дегустираат бројни специјалитети од аспарагус. Омилен специјалитет на гостите е бранцин карпачо со аспарагус.

Тој и другите сопственици, аспарагусот го набавуваат од 100-тина локални фармери кои го одгледуваат овој зеленчук. Интересно е дека тој расте подземно и во моментот на берба е бел. Но, ако го фати барем еден сончев зрак, започнува да позеленува. Затоа, се смета дека е најдобро да се консумира неколку часа откако ќе се извади од земја.

Според Лидија Боштијанич (сопственик на ресторан во Њујорк) аспарагусот е буквално она што се нарекува „пример за сезонска храна“. Според неа, басано аспарагусот има посебен вкус, различен од сите други плодови на аспарагус од многу региони во кои се одгледува.

Со оглед дека ова е навистина посебен вид на аспарагус, Басано и блискиот Сан Цено организираат и фестивал кој започнува на 27 април. Фестивалот ќе трае две седмици, а оваа година посебна почит ќе се оддаде на групата Квин и Фреди Меркјури.

Како и да е, кон крајот на јуни сѐ ќе биде готово. Аспарагусот, во согласност со природниот тек на настани, ќе им го отстапи местото на грашокот и цикоријата. Но, љубителите на овој плод задоволно ќе кажат дека токму во краткотрајноста на неговата слава лежи убавината на овој плод.

Related Posts with Thumbnails