wordpress counter

Ресторан што ви го подарува она што сте го изеле

Њујорк е познат по огромниот број на ресторани кои се борат на секаков начин за своите гости. Тоа значи постојано да се нуди нешто ново и уникатно. Може да биде необична забава, најнови специјалитети, нов начин на сервирање…

Но, ресторанот „Marlow and Sons“ е навистина уникатен по ова прашање. Имено, како спомен на прекрасната вечер, добивате подарок кој се состои од торбичка направена од крзно или кожа од животното кое сте го изеле.

Кејт Халинг, сопственичката на ресторанот вели: „гостите доаѓаат и си одат. Сакав да им пружам задоволство кое ќе трае. Затоа, на секој гостин, пред да замине му подаруваме торбичка, портмоне или каиш кои се направени од животното кое сте го јаделе за вечера.“!?!

Кејт вели дека од оваа идеја корист ќе има и модната индустрија. Нејзината најголема желба е гостин да и биде Лејди Гага и да ѝ подготват нов месен аутфит. Интересно е дека и покрај тоа што оваа идеја најблаго речено звучи дискутабилно, сепак, многу гости кои уживаат во нови, необични и уникатни работи, веќе се заинтересирале да го посетат ресторанот.

Ние ве прашуваме: како ви се допаѓа овој начин на рекламирање? Дали би примиле ваков подарок?

Related Posts with Thumbnails