wordpress counter

Ресторан сместен во стар авион

Овој ресторан е вистинско дожувување за сите љубители на авијацијата. Имено, готвачот Тони Каунс, своите кулинарски способности ги презентира во стар патнички авион „DC 6“, кој датира од 1950 година. Ресторанот се вика „DC 6 Diner“ и се наоѓа на аеродромот во Ковентри, Англија.

Авионот е во пензија повеќе од 3 години, а како ресторан работи веќе два месеци. Менито е инспирирано од авијацијата, па така имаме „Стек бомбардер“ или „метеорско маринирано филе“.


Инаку, во своите најдобри години, авионот го прелетал светот и како патнички и како товарен авион. Ресторанот има 40 места за седење, а гостите го повикуваат келнерот со помош на копчиња кои некогаш служеле да се повика стјуардесата.

Покрај уживањето во храната, секој гостин може да го разгледа целиот авион, па дури и пилотската кабина. Секако, без право да полетате.

Related Posts with Thumbnails