wordpress counter

Ручек во Сахара (1 дел)

Северна Африка е една од најдостапните дестинации за нас. Близината, цените, убавото море и вкусната кујна се и повеќе од доволно причини за да посети овој регион. Во оваа статија ќе споменеме некои од најпознатите и највкусните јадења во овој регион.

Кус кус е типично јадење за Сахарскиот дел на Африка. Станува збор за мали топчиња, кои оригинално се прават од пченица и имаат висока содржина на глутен. Понекогаш може да се искористи и јачмен или просо. Се прават рачно со просејување на брашно, додека во Мароко се подготвуваат на пареа. Интересно е дека во овој регион кус кусот се смета за главно јадење, кое се комбинира со парченца месо и зеленчук.

Тажин е јадење, но и сад, во кој се приготвува јадењето. Станува збор за кружен глинен сад кој има поклопец во форма на конус и кој овозможува кондензираната течност да се задржи во самиот сад. Во подготовката се користат парчиња месо (поретко риба) со зеленчук (најчесто сочен морков, компири или модар домат).

Како додаток, се ставаат маслиново масло, лимон, овошје или јаткасти плодови. Секако, ова јадење не може да се подготви без зачини. Ако се најдете во овие земји, ќе вкусите тажин со цимет, шафран, ѓумбир, кумин и црвена сушена пиперка.

Related Posts with Thumbnails