wordpress counter

Ручек во Сахара (2 дел)

Првиот дел на статијата го посветивме на два неверојатни специјалитети – кус кус и тажин. Тоа се две јадења кои го опишуваат менталитетот на луѓето кои живеат околу големата африканска пустина. Денес, продолжуваме со запознавање на овие кујни.

Сите специјалитети може да ги консумирате во ресторани и во мали места за јадење, но имајте предвид дека хигиената е далеку од европската. Најдобро би било да познавате некој локален жител и сите специјалитети да бидат подготвени во домашни услови. Дури тогаш ќе ги почувствувате сите вкусови на овие кујни.

Јадење се продава и во мали импровизирани штандови на улица. Таму сосема нормално е да јадете супа од леќа на улица, омлет или полжави. За појадок може да уживате во голем број видови на леб, од кој берберскиот е посебно вкусен. Солен, мек, сочен. Секако, како наследство на француската колонизација, ќе најдете безброј различни лиснати теста и кроасани.

Алкохол ретко се наоѓа, а ако и успеете да најдете, тогаш тоа ќе биде некое неквалитетно мароканско вино. Но затоа, топол чај со мента и цеден сок од портокал има на секој чекор.

Related Posts with Thumbnails