wordpress counter

Салса, душата на Мексико (1 дел)

Салсата е јадење кое потекнува од Мексико и кое е едно од најнесфатените јадења во историјата на човештвото. Имено, денес тоа е еден од најголемите извозни продукти на оваа латино американска држава, но низ светот постојат бројни расправии за тоа што е салса и како се подготвува. И тие расправии се водат од обичните купувачи, па сѐ до стручните лица од гастрономијата.

Во Франција, се подготвува со сецкани кисели краставички и кечап, во Јапонија со зелени шишито пиперки и мајонез, додека во САД една од варијантите е со црвени сецкани бабури и сируп од пченка.

Од друга страна, гостите во рестораните сметаат дека ова е сос кој може да се додаде кон кое било јадење и кое најчесто би требало да се служи бесплатно. Покрај тоа, гостите сакаат сами да го менуваат рецептот според нивниот вкус.

Затоа, ова е обид да се вратиме кон корените на традиционалната мексиканска кујна. Салсата е контраст на храната која постојано се консумира во Мексико: пченка, тиква и грав. Кога се зборува за салса, се зборува за две нејзини карактеристики – боја и лутина. Значи, зелена или црвена и пикантно лута или лута. Зелената секогаш била поприфатена – свежи или сушени чили пиперчиња, кои одлично ќе се надополнат со оброк кој содржи месо.

Поимот сласа на шпански значи сос, но во Мексико, секогаш значи и чили пиперчиња. Без нив нема ниту салса. А, салсата одлично оди со тако. Како што велат во Мексико: „Месото го прави такото вкусно, додека салсата го прави вистински специјалитет.“

Related Posts with Thumbnails