wordpress counter

Салса, душата на Мексико (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со основните работи кои се однесуваат на овој незибежен дел на многу специјалитети. Со оглед дека салсата заслужува барем еден продолжеток кога се зборува за неа, решивме да ја дополниме оваа приказна со уште неколку интересни информации.

Зборот салса на шпански буквално значи сос, но во Мексико овој поим е дополнет со чили, затоа што салсата таму не може да се замисли без оваа состојка.

Салсата може да се прави од свежи чили пиперчиња (серано, халапењо, поблано или хабанеро) или суви чили пиперчиња како гуахиљо, каскабел, анко, морита или чипотле.

Некои салса сосови може да бидат богати со семки од тиква или кикиритки, други со цимет и каранфилче, некои со домати. Што се однесува до подготовката, салсата може да биде сирова или готвена. Готвената салса како ранчера или салса верде, може да се користат како сосови кои одат одлично со тортиљи. Сировата салса е кисела на вкус и прилично лута. Затоа е и помалку популарна.

Како и да е, основната салса е салса Мексикана и се прави од домати, зелени чили пиперчиња и кромид. Треба да има силен вкус и длабочина. Да биде единствен микс од кисело, слатко, солено и луто. Треба да биде лута, но не смее да ви го изгори јазикот и грлото. Кога ќе вкусите таква салса, тогаш ќе знаете дека сте ја пробале оригиналната салса Мексикана.

Related Posts with Thumbnails