wordpress counter

Трендови: ресторан во стан

Сопствениците на ресторани и готвачите постојано пронаоѓаат нови начини како да ги направат задоволни своите гости. Еден од овие трендови е претворање на станот во ресторан, како што е случајот со Saltoun Supper Club. Станува збор за еден вид „underground“ ресторан, кој е алтернатива за прескапите популарни ресторани каде се бара маса повеќе.

Овој „герила ресторан“ во јужен Лондон е отворен секој вторник и има посебно мени за секоја седмица. Целото мени се подготвува и на вегетаријанска база. Специјалитетите ги подготвува Арно Масдорп, фотограф, стилист за храна и најважно од сѐ – вљубеник во јадењето. Ваша обврска е да платите 25 фунти и за тие пари добивате јадење кое се состои од предјадење, главно јадење и десерт, како и кафе. Вие треба да си донесете пиење. За менито и за сѐ останато добивате информации преку електронска пошта неколку дена претходно.

Ако не ви се допаѓа оваа опција, можете да одберете да си изнајмите личен готвач. Или ако сте премногу уморни и не сакате потоа да го расчистувате нередот, тогаш ова е одлична алтернатива. Арно Масдорп и неговиот тим ќе се погрижат за сите ваши желби: набавка на продукти, готвење, декорирање, послужување. Додека уживате со своето друштво ќе добиете прекрасна вечера и некој друг ќе се погрижи за целокупниот неред.

Related Posts with Thumbnails