wordpress counter

Храна во боја

Изгледот е она што ја прави храната примамлива и што ни го отвара апетитот. Особено нејзините светли и живи бои. Фотографот и стилистот за храна Линда Лундгрен, ја групираше храната по боја, со цел да направи серија од фотографии кои се посветени токму на нејзиното височество – храната.

Серијата фотографии опфаќа храна во жолта, црвена, сина, виолетова и зелена боја. Освен храна, фотографиите опфаќаат и пакувања. Со оглед дека во нашите животи храната обично е групирана по тип, овој приказ на групирање по боја е навистина необичен, приказ од навистина несекојдневна перспектива.

Уживајте!


Related Posts with Thumbnails