wordpress counter

Европејците готват за да заведат

Старата изрека дека до срцето се стигнува преку стомакот, изгледа се покажува како точна. Според истражувањето кое го спроведе компанијата Електролукс, преку 55% од европејците ги користеле своите кулинарски вештини во обид да го импресионираат потенцијалниот партнер или партнерка. Полјаците се покажале со најголемо искуство во заведувањето преку готвење – дури 81% од нив готвеле за да заведат, а 30% тоа го правеле повеќе пати.

Покрај тоа, 27% од испитаниците се имаат обидено да ја употребат нивната „магија“ во кујната за да се натпреваруваат со пријател или друг член од семејството. Ваквата забава во кујната со цел да се заведе е најчест начин во Италија (42%) и во Русија (44%).

Сепак, ваквата забава дома може понекогаш да биде и прилично стресна. Речиси 40% од испитаниците признале дека направиле комплетен хаос од рецептот кој го приготвувале, до тој степен што не биле во можност да го послужат. Ова укажува дека за 53% од испитаниците, каде презентација е исто толку важна колку и вкусот, готвењето е и огромен стрес.

“Оваа студија е фасцинантен увид во начинот како кујната се користи да се заведе партнерот, но и во тоа колку е важна улогата на кујната во животот на луѓето”, вели Хенрик Ото, претседател на Глобал Дизајн центарот во Електролукс.

Истражувањето го спроведе независната истражувачка куќа Bonamy & Finch во име на Електролукс, на примерок од 11.000 испитаници од 11 европски земји: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Related Posts with Thumbnails