wordpress counter

Германците и американците најалергични

Со истражувањето кое го спроведе лондонскиот Империјал колеџ, под раководство на доктор Питер Берни, се проучувала склоноста кон алергии на различни видови храна. Во истражувањето учествувале 4.500 возрасни индивидуи од 13 западни земји.

Утврдено е дека постојат големи разлики од земја до земја, така што, во Портланд, САД окoлу 25% од населението има алергиска реакција на барем еден вид храна, додека во Рејкјавик, Исланд тоа е случај со само 8% од населението.

Покрај американците и германците, италијанците и норвежаните влегуваат во групата на нации кај кои често се јавува алергија на некој тип на храна. Окулу 22% од населението на овие земји покажало преосетливост кога е храната во прашање.

Од друга страна, на дното на списокот се исланѓаните и шпанците (11%) и французите и британците со 14% од населението кај кое се јавува алергија.

Интересно е дека лешниците, праските, доматите, пченицата и јаболката се главни предизвикувачи на алергија, што е спротивно на митот дека јајцата, млекото и рибата се оние кои треба да ги обвиниме. Дури 15% од луѓето покажале преостеливост на јаткасти плодови, во споредба со 1% случаи на алергија од млеко, риба и јајца.

Related Posts with Thumbnails