wordpress counter

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кое инстант кафе е најпопуларно?

Центарот за истражување на пазарот ГФК (кој постои и во Македонија) направи истражување помеѓу хрватските граѓани за тоа кое инстант кафе им е омилено и го сметаат за најквалитетно.

Кога е во прашање односот помеѓу цената и квалитетот, хрватите најмногу пијат и купуваат Нескафе. Ова кафе е на прво место и кога е во прашање инстант кафето и кога е во прашање инстант кафето со различни вкусови, како ванила, чоколадо или ирско кафе (кои, инаку, можете да ги вкусите во Caramelo™).

Во категоријата инстант кафиња, Нескафе води со 21.8%, потоа следи Франк со 14.8% и на трето место Јакобс со 5.5% потрошувачи. Во категоријата инстант кафиња со вкус, повторно е прв Нескафе со 15%, потоа Франк кој има 11.1% и Глорија со 4.4%.

Интересно е дека одговорите не биле сугерирани, туку дека сите испитаници имале слобода сами да ги наведат брендовите кои им овозможуваат најголемо задоволство кога е во прашање односот помеѓу цената и квалитетот.

Related Posts with Thumbnails