wordpress counter

Истражување: кои мажи се најдобри готвачи?

Истражување кое е спроведено помеѓу 2060 читатели на списанието за храна на BBC – Олив и 1345 читатели на списанието Мадам Фигаро, донесе навистина интересни резултати. Французите, кои постојано се гордеат со својот талент за готвење, поминуваат многу помалку време во кујните во споредба со британците.

Дури 72% од британците секојдневно готват дома, додека тоа го прават само 59% од французите. Од друга страна, французите јадат 3 пати неделно во ресторан, додека британците тоа го прават два пати неделно.

Резултатите покажуваат дека британците се најдобри готвачи. Кога се во прашање специјалитетите, дури 99% од британците знаат да подготват италијанско јадење. Половина од французите знаат да подготват кинеско јадење, а само 30 % од нив некое јадење од индијската кујна.

Затоа, ако сакате вистински виртуоз во вашата кујна, тогаш тоа нека биде британец. Очигледно дека французите повеќе се фалат отколку што знаат да готват.

Related Posts with Thumbnails