wordpress counter

Истражување: Овошје што ја поттикнува желбата за секс

Природата е преполна со плодови кои делуваат на нашиот организам. Денешната статија ја посветуваме на еден посебен плод кој ја поттикнува желбата за секс кај луѓето.

Истражувањата покажуваат дека мажите и жените кои пиеле секој ден чаша сок од шипка во текот на две недели, почувствувале бран кој ја поттикнувал сексуалната желба. Шипката и претходно беше прогласена за суперхрана (иако овој поим е дискутабилен), а сега веќе добива и титула на супер афродизијак.

Во истражувањето учествувале 58 доброволци на возраст од 21-64 години. Притоа, било откриено дека кај машките доаѓа до зголемување на нивото на тестостерон, што доведува до поголема влакнатост, длабочина на гласот и сексуален порив. Кај жените, ја зајакнува сексуалната желба и ги јакнe коските и мускулите.

Според податоците, шипката го зголемува нивото на тестостерон за 16-30%, а во исто време се намалува крвниот притисок. Според тоа, има многу повеќе позитивни отколку негативни ефекти, наведува британски „Daily Mail“.

Related Posts with Thumbnails