wordpress counter

Истражување: Што јаде Балканот?

Иако слични по менталитет и потекло, сепак нациите кои произлегуваат од поранешната федерација пoкажуваат разлики во видовите на храна кои се консумираат. Дел од тие разлики се резултат на економската состојба на населението, дел од културата на исхрана, а дел и од географската местоположба и условите за производство на храна.

Така,кога е во прашање месото, македонците сакаат пилешко, а србите свинско. Хрватите повеќе консумираат риба. Ручекот на едно просечно семејство во овие три земји би бил:

Македонија – пилешко месо со ориз
Србија – свинско месо со компири
Хрватска – риба со варен или потпечен зеленчук

Статистички гледано, вегетаријанската исхрана воопшто не постои. И понатаму месото е показател за добра исхрана. Ништо подобро не стоиме и кога станува збор за таканаречената здрава исхрана. Интегралните житарки, зрнесто овошје, млечни производи и слични продукти ги има во траги на нашите трпези. Останува уште многу работа пред нас за да смениме дел од нездравите навики на исхрана, а со тоа и да го подобриме квалитетот на живеење и здравјето.

Месечна потрошувачка на производи на просечно 4-члено семејство


Related Posts with Thumbnails