wordpress counter

Истражување: Кој најмногу пие? (1 дел)

Светската здравствена организација го објави најновиот Извештај за консумацијата на алкохол и здравјето. Станува збор за глобален приказ на пиењето алкохол, начин на консумација, последиците по здравјето и политиките што се преземаат во врска со злоупотребата на алкохол.

Најголемите љубители на алкохолот во светот се наоѓаат во Молдавија. Потоа следат Чешка и Унгарија. Во првите 10 се наоѓаат и две бивши југословенски републики.

Топ 10 земји по консумација на алкохол во светот

На балканот коло водат Словенија и Хрватска. Македонија е претпоследна, со речиси врамнотежена консумација на пиво, вино и жесток алкохол.

Консумација на алкохол на Балкан

Просечната консумација на алкохол во светот е 6,13 литри по човек годишно. Македонија е во делот со земји кои многу малку се консумира алкохол. Меѓутоа, постојат земји во кои и да нема консумација на алкохол. Станува збор за претежно муслимански земји.

Земји со најниска консумација на алкохол во светот


Related Posts with Thumbnails