wordpress counter

Истражување: Кој најмногу пие? (2 дел)

Во првиот дел разгледавме во кои земји во светот се пие најмногу и најмалку алкохол. Вториот дел од статијата се занимава со видот на алкохол кој се пие и со половата застапеност на консументите на алкохол.

Кога станува збор за пиењето на вино, нема некои големи изненадувања. Големите производители се и најголеми консументи. И секако Молдавците, кои ги има на сите табели.

Земји со најголема консумација на вино


Кај љубителите на пиво има два интересни податока. Две мали островски држави се наоѓаат помеѓу првите три земји со најголема консумација. Секако, една од причините е и големиот број на туристи. И секако, најголемите пивопијци се на овој список – Германија, Ирска и Австрија.

Земји со најголема консумација на пиво

Друштвото на оние кои најмногу пијат жесток алкохол е прилично разнолико. Тука се неизбежната Русија, една балканска земја, неколку карипски острови и верувале или не – јужнокорејците.

Земји со најголема консумација на жесток алкохол

Што се однесува до половата застапеност на консументите, во сите земји на светот има повеќе мажи од жени кои пијат алкохол. Единствената земја во која жените повеќе пијат од мажите е Еквадор. Во Андора, Барбадос, Нигерија и Замбија се води мртва трка помеѓу двата пола. Во сите други земји разликата е голема во полза на мажите.

Related Posts with Thumbnails