wordpress counter

Кој остава најголем бакшиш?

За повеќето европски туристи, бакшишот е традиција која треба да се сочува – 62% од англичаните, 58% од французите и 44% од италијаните имаат позитивен став за оваа уникатна појава. Половина од шпанците дури сметаат дека бакшишот треба да е дел од сметката.

Истражувањето кое опфати 2.500 жители на ЕУ, покажува дека американците се најдарежливи кога е во прашање оставање на бакшиш. Најголеми циции, пак, испаднале германците. Најголеми напојници добиваат хигиеничарките во хотелите, па следат портирите и рецепционерите.

Од европјаните, секој втор англичанец и секој трет французин оставаат бакшиш. Кога се во прашање шпанците и италијанците, процентот се движи околу 20. Истражувањето покажува и дека туристите наградуваат некоја личност и поради тоа што им е симпатична или убава. Па така, се случува широката насмевка и сините очи да имаат ист ефект како и услугата.

Related Posts with Thumbnails