wordpress counter

Мирисот на храната одредува колку ќе изедете

Нашиот систем на исхрана е таков што со гризење ја внесуваме храната во уста, а потоа преку хранопроводот таа патува до останатите органи за варење. Големината на залакот при гризење на храната зависи од многу фактори, како што се текстурата на храната, видот на храна или некој индивидуален фактор.

Со истражувања е докажано дека колку повеќе сме заситени, толку помали стануваат нашите залаци. Но, главниот фактор кој влијае на количеството на храна кое можеме да го изедеме е мирисот.

Имено, во истражувањето на една група од волонтери на возраст од 25-50 години, научниците се обиделе да утврдат како различни интензитети на мирис на храна влијаат на количината на изедена храна. Сите учесници добиле десерт од ванила со различен интензитет на мирис.

Било откриено дека големината на залакот се намалувала пропорционално со зголемување на мирисот на ванила. Оттука, може да се заклучи дека помалку јадеме кога храната има појак мирис. Токму ова откритие може да се користи при контрола на телесната тежина и надминување на проблемот на зголемена тежина.

Related Posts with Thumbnails