wordpress counter

На подиумот: Кока Кола, Милка и Аргета

Овие денови беа презентирани податоци од едно навистина интересно истражување, кое се спроведуваше во текот на оваа година. Имено, се утврдуваа најпрепознатливите брендови на територијата на поранешна Југославија.

Испитувањето беше спроведено во Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Србија, Македонија и Косово. Од секоја држава се избрал репрезентивен примерок од 1.000-1.500 испитаници на возраст од 15-65 години. И, добиени се навистина интересни податоци за некогашниот заеднички пазар од 22 милиони жители.

Според податоците, во првите 25 на овој список се наоѓаат трговски марки кои се присутни во целиот регион. Од друга страна, недостасуваат силни локални трговски марки. Сите 25 трговски марки кои фигурираат, веќе долго се присутни на овие пазари.

Како по обичај, македонски производи на овој список, нема ниту за лек. Словенија и Србија имаат 4 трговски марки, додека Хрватска дури 5. Другите се светски брендови кои се присутни на овие пазари.

Related Posts with Thumbnails