wordpress counter

Истражување: Најлутата пиперка на светот

На голема радост на сите љубители на лутите пиперки, научниците од Универзитетот „Ново Мексико“ се решија да ги испитааат најлутите пиперки на светот.

Неодамна ги објавија и резултатите од нивните истражувања. Титулата и припадна на пиперката од видот „Trinidad Moruga Scorpio“, кај која се измерени неверојатни 1.2 милиони сковил единици, според скалата која служи за мерење на лутината на храната. Како споредба, пиперката „халапењо“ пали и жари со само 5.000 сковил единици.

Во експериментот „земаа учество“ следниве видови пиперки: „Trinidad Moruga Scorpion“, „Trinidad Scorpion“, „7-pot“, „Chocolate 7-pot“ и „Bhut Jolokia“. Биле посадени 125 садници и потоа по случаен избор земен е еден примерок од секоја врста. Пиперките биле сушени, а потоа и мелени, со цел да може од нив да се извлече капсаицинот кој е одговорен за лутината на овие плодови.

Верувале или не, од лутината на некои пиперки се уништувал и латексот на ракавиците кој го носеле истражувачите. Затоа, внимателно ако ви падне во рака некоја од овие пиперки.

Related Posts with Thumbnails