wordpress counter

Истражување: Навики на грицкање

Според едно истражување спроведено во Норвешка, грицките помеѓу оброците не ја зголемуваат телесната тежина. Исто така, оваа студија покажа дека не постои поврзаност помеѓу грицките и јадењето поголеми оброци или прејадување.

Истражувањето е направено со учество на 58 жени на возраст од 19-41 година. Биле испитувани навиките за консумирање на грицки во текот на еден месец. Притоа, најважно било да се направи строго разграничување помеѓу поимите грицкање, меѓуоброк и оброк.

Интересно е дека 40% од жените јаделе грицки 6-12 дена во период од еден месец. Според ова истражување, грицкањето е непланирано или повторено консумирање на храна помеѓу оброци или меѓуоброци, при што личноста може да го контролира јадењето (во спротивно би станувало збор за пореметување во исхраната).

Сепак и покрај овие резултати, треба да се знае дека непланираното јадење не е добра идеја, затоа што тоа може да биде вовед во консумирање на вишок на калории, што ќе води кон зголемување на телесната тежина. А, грицките се како измислени за тоа – богати со калории и сиромашни со нутритивни состојки.

Related Posts with Thumbnails