wordpress counter

Склоноста кон солена храна настанува уште во колевка

Едно истражување, објавено во списанието „American Journal of Clinical Nutrition“, открива дека децата кои се запознале со храна во која има сол пред да наполнат 6 месеци, покажуваат поголема склоност кон солената храна. Тие деца, во текот на истражувањето, консумирале за 55% повеќе сол отколку децата кои ја вкусиле солената храна подоцна.

Инаку, медицинските установи и лица постојано предупредуват на преголемото внесување на сол во организмот. Според доктор Гери Бошамп, под чија палка било спорведено ова истражување, една од причините зошто возрасните лица тешко ги менуваат прехранбените навики е токму оваа која ја споменавме претходно.

Токму овие нови сознанија може да се употребат за воведување на промени. Ако внимаваме на внесот на сол во исхраната на нашите деца, тогаш тие ќе имаат многу подобро здравје отколку што имаме ние. Останува на нас што ќе решиме. ● 

Related Posts with Thumbnails