wordpress counter

Сладоледот и психологијата

Психологијата мошне често се занимава и со односот на луѓето кон храната, а особено копнежот кој се јавува кај нас по определен тип на храна. Во едно такво истражување, сите 1.005 испитаници биле замолени да го наведат своето омилено јадење. Што мислите кое е тоа јадење кое добило најмногу гласови?

Сладоледот. Поголем дел од испитаните одговориле дека токму сладоледот е нивно омилено јадење. И сега следува теоријата до која доаѓаат психолозите и која треба да го објасни овој избор.

Професорот на Универзитетот во Илиноис, Брајан Вансинк, смета дека главната причина на овој избор лежи во фактот што луѓето најчесто ги поврзуваат некои важни моменти од минатото со определена храна. Поголем број од луѓето, сладоледот ги носи во безгрижните детски денови кога можеле да се насладуваат на овој десерт во текот на играта.

Освен овој податок, истражувањето ни ги пренесува и разликите во копнежот по определена храна помеѓу мажите и жените. Мажите многу повеќе сакаат тешки и зачинети јадења, особено пица. За разлика од нив, жените многу повеќе копнеат по слатка храна, особено чоколадо.

Освен тоа, овие податоци откриваат многу и за персоналните карактеристики на поединецот и на тој начин се креира синергија помеѓу личноста и храната. На пример, за некои мажи пилешкиот стек е храна која ја сакаат, бидејќи може да значи дека го означува нивниот традиционален мачо карактер. Од друга страна, жените уживаат во чоколадото делумно и поради тоа што тоа е префинет производ кој ја означува нивната љубов и вроден осет за убави нешта и естетика. 

Related Posts with Thumbnails