wordpress counter

Истражување: Во чие друштво се јаде повеќе?

Едно интересно истражување покажа дека постои разлика помеѓу калориската вредност на храната која се внесува во женско и во машко друштво. И знаеме дека ќе се изненадите кога ќе ги прочитате резултатите.

Имено, покрај времето, сезоната или периодот од денот, најновите истражувања покажуваат дека и друштвото има влијание врз количината на храната која ја јадеме. Според резултатите и двата пола повеќе јадат кога се во женско друштво.

Истражувањето на универзитетот во Пенсливанија е спрoвeдено со учество на 127 студенти. Жените кои јадат во женско друштво внесуваат во просек 833 калории, а ако јадат во машко друштво околу 100 калории помалку. Слична е состојбата и кај мажите. Ако се во женско друштво внесуваат просечно 1.162 калории, додека ако се само со своите другари 952 калории.

Со тоа паѓа во вода теоријата дека мажите многу јадат и пијат кога се во машко друштво. Според нашето скромно мислење, жените јадат помалку во машко друштво, плашејќи се мажите да не помислат дека многу јадат, додека мажите кога се само во машко друштво можат слободно да пијат и не им текнува на храна.

Related Posts with Thumbnails