wordpress counter

Зошто се јаде првин салата?

Едно интересно истражување за храната е спроведено на Универзитетот Нортвестерн. А, резултатите се уште поинтересни. Имено, од испитаниците е побарано да ја проценат калориската вредност на различни јадења. Притоа, редоследот на оброците е постојано менуван.

Така, на пример, кога е послужен прво чизбургер, неговата проценета калориска вредност била 570 калории. Но, кога прво била сервирана салата, а потоа чизбургер, тој бил проценет на 787 калории. Тоа покажува колку погрешно ги перцепираме продуктите и на тој начин погрешно ја организираме исхраната.

Истражувањето покажа дека колку два продукта се поразлични, толку повеќе грешиме кога ги проценуваме. Така, сметаме дека оброкот од салата и чизбургер е покалоричен од оброкот од колач од сирење и чизбургер.

Затоа, ако првин нарачаме салата, тоа ќе делува и на понатамошниот дел од нашиот оброк. Следните јадења ќе ги гледаме низ призмата на калориите и на сите продукти ќе им даваме повеќе калории отколку што имаат. Ако предјадењето е покалорично, тогаш сѐ што ќе нарачаме по него, ќе ни изгледа помалку калорично. На тој начин, ќе ни биде потешко и да одолееме на калоричните и нездрави оброци.

Во оваа насока постојат уште интересни импликации. По обилниот оброк, многу полесно ќе нарачаме и десерт, за да ги заокружиме ручекот или вечерата. Додека, ако јадеме нешто полесно, десертот ќе го „заборавиме“. Заклучокот е дека редоследот на консумирање на храната влијае, повеќе од било што друго, на нашата способност за проценка на калоричноста.

Related Posts with Thumbnails