wordpress counter

Лична карта: Аронија (1 дел)

fam. Rosaceae

Тип: аронијата ѝ припаѓа на фамилијата Rosaceae бобинки. Таа е една од осумте супер овошја во светот, а таа титула ја има добиено поради тоа што има екстремно високо ниво на антиоксиданси.

Потекло: потекнува од влажните шуми и мочуришта на Северна Америка. Денес е веќе раширена и низ целата Европа, најмногу во Русија и во Полска (поради издржливоста на многу ниски температури).

Изглед: аронијата расте во грмушка и во зависност од видот, нејзиниот изглед варира. Листовите се долгнавести и зелени, кои во есен поцрвенуваат. Бојата на цветовите е различна кај секој вид, но секогаш се групирани пет цвета во пет китки. Достигнува висина од 1 до 6 м.

Видови: постојат три посебни видови на аронија. Црвената аронија (Aronia arbutifolia), која може да достигне висина и до 6 м, има плод во црвена боја, а цветот бела или светло розова боја. Интересно е дека таа е единствен вид на аронија кој ја преживува суровата зима. Црната аронија (Aronia melanocarpa) е значително помала од црвената и достигнува висина од 1 до 3 м, а самиот плод е многу помал од црвената. Цветот е секогаш бел и поситен и таа не е толку отпорна како црвената аронија. Виолетова аронија (Aronia prunifolia) се смета за природен хибрид на црвената и црната аронија, но интересно за неа е дека расте во Германија, каде не егзистира ни црвената ни црната аронија. Нејзината боја варира од темно виолетова до црна.

Примена во исхраната: поради нејзината киселост, само црвената аронија се практикува да се козумира свежа, бидејќи е послатка. Можете да замрзнете определена количина и потоа да ја консумирате во текот на годината. Најмногу се користи сушена, за џем, слатко, чаеви, сокови, сирупи, а од неа се прави и вино. Нејзиниот екстракт се користи и како додаток на многу јадења, најчесто десерти и во овошни јогурти.

Друга примена: во медицината има и поголема примена, поради многубројните лековити дејствија кои ги има. Списокот на нејзината примена е многу долг. Се користи за подобрување на циркулацијата, помага при срцеви заболувања и во превенција на дијабетес. Борец е против сите уринарни заболувања и дури е и поефикасна од брусницата. Се користи за регулирање на крвниот притисок, за заштита од настинки и грипови, за заштита од разни видови на рак и за негово лекување, како и за призводство на добриот холестерол во организмот. Се користи во лекови за дигестивниот систем, за црниот дроб и разни воспаленија. За сите позитивни ефекти врз здравјето, ќе читате повеќе во вториот дел од статијата.

Интересни факти

• таа е една од најпознатите растенија за добивање на боја. Уште во минатото ја користеле и сѐ уште се користи за таа намена. Од неа се добива најтемната боја што може да се добие од растенија;
• помага во регулирање на телесната тежина. Нејзините состојки не дозволуваат складирање на масти во организмот;
• ова растение е отпорно на паразити, инсекти, загадувања, болести, суша и ниски температури. Може да издржи и температури од дури -45℃.

Related Posts with Thumbnails