wordpress counter

Лична карта: Аронија (2 дел)

Во првиот дел ги наведовме повеќето од карактеристиките на аронијата. Со оглед дека станува збор за суперовошје број 1 во светот, вториот дел од статијата го посветуваме токму на нејзиното неверојатно позитивно влијание врз сите аспекти на нашето здравје.

Следува спиокот на на лековити својства на аронијата:

Антиканцероген ефект – во многу висок процент ги убива малигните клетки кај туморот на мозокот, белите дробови, дебелото црево и црниот дроб, што е докажано со испитувања во клиники во САД. Верувале или не, кај еден пациент, за само едно деноноќие уништени се сите малигни клетки кај тумор на мозок, додека во случај на канцер на дебелото црево, во првите 24 часа неутрализирани се 60% од малигните клетки.

Антиоксиданс – аронијата е најсилниот антиоксиданс познат на човекот. Го спречува создавањето на слободни радикали и дегенрацијата на здравите клетки. Треба да имаме предвид дека секоја секунда, секоја наша клетка е нападната од илјадници слободни радикали. При тоа, настануваат оштетувања кои со тек на време стануваат подлога за многу сериозни заболувања.

Глава – поради присуството на антоцијанин и витамин П, ја подобрува циркулацијата во крвните садови на главата, помага при силни главоболки и мигрена. Силно штити и од појава на деменција и Алцхајмерова болест.

Срце – го снижува високиот крвен притисок и го враќа лошиот холестерол во нормални граници. Овозможува брзо опоравување од срцев или мозочен удар и го регенерира артериското мускулно ткиво и ја подобрува еластичноста. Интересно е дека создава мрежа од нови фини крвни садови по губењето на функцијата на старите садови. Во исто време, овозможува потполна заштита од запушување на садовите поради енормно присуство на антоцијанин, биофеноли и витамин П.

Related Posts with Thumbnails