wordpress counter

Лична карта: Чили

Lat. Fam. Solanaceae

Тип: Чили пиперките, од кои се добива зачинот чили во прав, се всушност, ботанички гледано, овошје. Дел се од родот Capsicum од фамилијата Solanaceae.

Потекло: се смета дека овој плод, за прв пат почнал да се одгледува на американскиот континент уште 7.500 години п.н.е. Постојат археолошки докази за ова тврдење во Еквадор. Тоа е еден од првите плодови кои се одгледувал организирано, а имал способност за само-опрашување.

Изглед: чили пиперчињата се потенки од обичните пиперки и нивната боја варира од жолто-зелена до темно црвена. Најчесто имаат неправилна форма.

Легенда и име: прв кој ги открил и донел кај нас е Кистофер Колумбо. Бил на пат кон Азија со цел да дојде до црн пипер, кој тогаш бил многу ценет. Откако ги пронашол чили пиперчињата, ги нарекол пиперчиња бидејќи ја зачинувале храната исто како и црниот пипер кој го барал.

Видови: постојат многу видови чили пиперчиња. Кајен, халапењос, табаско, таи, исклучително лутите нага, хабанеро и датил, како и јужноамериканските рокото и аџи пиперчиња.

Примена во исхраната: во повеќето европски земји овие пиперчиња не се дел од нивните традиционалните јадења, освен можеби во некои земји на Медитеранот и во Унгарија. Повеќе се користат како зачин во прав. Мексиканската кујна е голем обожавател на овој додаток. Тако, тамала, тортиљи, фрижоли и енчилада не можат да се замислат без овие пиперчиња. Овој плод е дел и од многу азиски кујни.

Друга примена: имаат голема количина на витамин Ц и каротен во себе. Од минералите изоблиуваат со магнезиум, калиум и железо. Важни се по уште една супстанција – капсаицин. Тој има позитивен ефект на холестеролот и делува како антикоагулант. Освен тоа, капсаицинот може да помогне и при намалување на телесната тежина.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

• Португалија одгледува свои пиперчиња кои се познати под името пири – пири. Освен по тоа, познати се и по својата жестока лутина;
• името му доаѓа од нахуатл јазикот, во кој чили е збор за овошје;
• во некои земји се готват и ливчињата од растението, но тие не се ни одблизу толку лути како пиперчињата;
• во Индија, заедно со зелениот лимон, се користат против зли духови;
• доколку ви се многу лути пиперчињата, водата нема да ви помогне. Исклучиво млеко и млечни производи ќе ја впијат лутината во вашата уста.

Related Posts with Thumbnails