wordpress counter

Лична карта: Oцет Балсамико (1 дел)

Aceto Balsamico

Овој ароматичен оцет води потекло од Италија. Се добива од концентриран гроздов сок или шира, со повеќегодишно чување во дрвени бочви. Во минатото се користел само од поимотните граѓани, но од средината на минатиот век започнало комерцијалното производство.

Потекло и состав
Во светот постојат само две области кои произведуваат врвен оцет балсамико. Тоа се италијанските провинции Модена и Емилија. Составот опфаќа микс од вински оцет, шира, карамел, глицерин, арома и конзерванси.

Производство
Врвниот оцет е природен производ од грозје. Грозјето се пресува и откако ќе започне алкохолното вриење, се вари околу 12 часа. Се добива густ сируп познат како „mosto cotto“, кој потоа се чува минимум 12 години во бочви од посебни врсти дрво. Младиот оцет се чува првин во буриња од даб, а потоа во буриња од костен, цреши, јасен и дудинки. Се чува на тавански простори.

Грозје
Најчесто се прави од грозјето од врстите „требијано“ и „совињон“. Во Реџо Емилија се користи црното грозје „ламбруско“.

Related Posts with Thumbnails