wordpress counter

Лична карта: Оцет Балсамико (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за потеклото, составот и производството на врвен оцет балсамико. Во овој дел повеќе ќе се посветиме на објаснување на староста, рокот на траење, бело балсамико и неговата примена.

Старост
Интересно е дека на вистинскиот балсамико не смее да стои годината на производство. Постојат два основни вида – „Aceto Balsamico di Modena“ и „Aceto Balsamico di Emilia.“ „Aceto Balsamico di Modena“се разликува по годините на зреење (до 12 години). На шишињата на младиот оцет преовладува црвената боја, додека кај стариот златната боја и натписот „extravecchio“. На етикетата на балсамико од Реџо Емилија има црвена боја (12 години), сребрена (18 години) и златна (25 години).

Рок на траење
Овој оцет трае вечно. Производителите мора да го наведат неговиот рок на траење, но вие без никаква грижа на совест можете да го користите било кога. Важно е само шишето да е добро затворено.

Balsamico bianco
Белиот балсамико оцет не може да се произведе според традиционалниот рецепт. Тој претставува индустриски производ кој се произведува за да се задоволат потребите на потрошувачите.

Примена
Освен со салата, оцетот балсамико му дава посебен вукс и на пармезанот, пршутата, паштетите, јагодите, црешите, тиквата, сладоледот. Мошне често се користи и при подготовка на сосови. Врвниот балсамико е одличен аперитив и дижестив.

Related Posts with Thumbnails