wordpress counter

Производ на месецот: „Domaćica Integral“

„Domaćica Integral“
Про­и­зво­ди­тел: „Краш“, Хрватска

Верувале или не, ова чоколадирано чајно пециво е дел од асортиманот на „Краш“ од 1957 година. Едноставно ова пециво е еден од носителите на имиџот на овој хрватски производител.

„Domaćica“ е омилен производ на цели генерации на Балканот. Затоа и неслучајно се нарекува миленик на семејството. Знаеме дека кога дома има „Domaćica“, од кутијата поткраднуваат сите членови на семјеството, без оглед на возраста.

Денес, зборуваме за еден нов производ или подобро речено нова „Domaćica“. Станува збор за интегрално чајно пециво со овесни снегулки, прелиено со темно чоколадо и вкус на портокал. Вкусот  е неверојатен, а одлично се комбинира со топол напиток како кафе, чај или какао.

Нутриционистичките податоци велат дека во 4 колачиња (24 грама) има 119 калории, 5 гр масти, 8 гр јаглехидрати и 2 гр протеини. Нема витамини, но затоа има калциум и железо.

Инаку, во моментов, во продавниците на „Краш“ кај нас има промоција на производот и 3 пакувања чинат само 112 денари. Малку, за задоволството кое ќе го добиете.

Related Posts with Thumbnails