wordpress counter

Производ на месецот: „Мое колаче“

Мое колаче
Производител: „Мако Маркет“ Скопје

„Мако Маркет“ е компанија која повеќе од 20 години се занимава со трговија и увоз на стока за широка потрошувачка. Под нивна капа се многу странски брендови како „Мегле“, „Хигло“, „Хелиос“, „Вернер и Мерц“ и ред други.

Покрај тоа, компанијата има и сопствена производна програма, која ја сочинуваат брендовите „Виена крем“, „Натура“ и „Чокобела“. Она за што ние сакаме да пишуваме е брендот „Мое колаче“, кој според нашето мислење е нивниот најдобар бренд.

„Мое колаче“ се појави пред речиси две години по нашите маркети, ненаметливо и без реклама. Иако, на прв поглед, бевме скептични, кога ја отворивме кутијата (тогаш постоеше само чајното пециво), бевме најпријатно изненадени. Особено што таков производ направила македонска компанија.

Оттогаш, на пазарот се појавија околу 10-тина различни колачиња под овој бренд. Покрај чајното пециво, излегоа и колачиња со путер, со какао, ванилици, колачиња со мармалад, полжавчиња со цимет и карамела, со кокос, чоко парчиња, па дури и со сусам.

Пакувањата се движат помеѓу 300-450 гр, а цената е сосема пристојна. Во маркетите можете да ги најдете за сума од 60-85 денари, во зависност од типот на колачето.

Едноставно, сите вкусови се одлични. Квалитетот е врвен, пакувањето соодветно за ваков тип на производ. Едноставно, „Мое колаче“ сосема заслужено е Гурман™ производ на месецот.

Related Posts with Thumbnails