wordpress counter

Производ на месецот: „Uncle Ben’s Sweet & Sour“

„Uncle Ben’s“ слатко-кисел сос
Производител: „Маrs“, САД

„Uncle Ben’s“ приказната започнува уште пред 80 години, кога младиот германски хемичар Ерик Хузенлауб развил нов вид на процесирање и варење на белиот ориз. Подоцна, Форест Е. Марс финансиски го поткрепува истражувањето и започнува да се произведува оризот на „Uncle Ben’s“, кој во наредните децении ќе господари со светските пазари.

Инаку, „Uncle Ben’s“ е бренд на еден од најголемите американски производители на храна, „Mars“, а во нивниот асротиман влегуваат брендовите: „Марс“, „Твикс“, „Баунти“, „Педигри Пал“, „Вискас“, „Скитлс“ и ред други.

Но, да се вратиме на нашиот производ на месецот. Покрај оризот, се произведуваат и серија сосови: индиски, мексикански и кинески сосови. Еден од највкусните сосови, кој од неодамна може да се најде и во нашите продавници, е кинескиот „Uncle Ben’s Sweet & Sour“ сос, или попознат кај нас како слатко-кисело.

Во неговиот состав влегуваат: вода, домати, шеќер, кромид, моркови (6%), оцет, ананас (5%), зелени пиперки (4%), целер, црвени пиперки (2.5%), сол, црвен пипер, зачини, пченкарен скроб и никулци од бамбус.

Покрај овој, оваа линија на сосови ги содржи и „Lemon chicken“, „Cantonese“, „Coconut Curry“, „Szechuan Chilli“, „Sweet Tai Chilli“.

Одлично се комбинира со ориз и на тој начин се добива неверојатен специјалитет. Во 125 гр од сосот има 110 калории, 0.5 гр протеини, 26.2 гр јаглехидрати, 0.3 гр масти, 0.5 гр сол и 1 гр диететски влакна.

Овој производ кај нас го увезува фирмата „Орбико“ од Скопје и затоа заслужува секоја чест. Сосот е мошне вкусен и засега има само едно пакување од 400 гр, а цената се движи околу 130 денари.

Како плус на оваа статија, ви ја презентираме рекламата за „Uncle Ben’s Sweet & Sour“ за прославата на кинеската нова година:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=dS48ctY6ogY[/youtube]

Related Posts with Thumbnails