wordpress counter

10 знаци дека ресторанот е лош (1 дел)

Кога не сме посетиле некој ресторан, немаме претстава што не очекува таму. Секако дека денешниот развој на социјалните мрежи, блогови и апликации овозможува споделување на информации, но сепак, додека не почувствуваме на своја кожа, никогаш не сме сигурни.

Затоа, оваа статија е наменета на оние знаци кои ни сугерираат дека некој ресторан е лош. Еве го списокот на тие знаци:

Келнерот ви вели: „Подигнете го приборот за јадење“
Нема ништо полошо од тоа ако келнерот ви каже да го кренете употребениот прибор од претохдоното јадење, затоа што ќе ви треба за понатаму. Еднакво лошо е тој да го подигне приборот и да го стави покрај вашата чинија, без да каже збор. Значи, за секое јадење потребен е нов прибор.

Надворешна реклама
Лоши реклами (табло со фотографии од храната), маса на која има ставено некој специјалитет и слични тактики, лошо влијаат на бизнисот со храна. Значи, тоа е дозволено за киосци за храна, мали кафеани или места за брза храна, но не и за ресторан.

Нечисти тоалети
Нечистите тоалети зборуваат за еден ресторан многу повеќе од било што друго. Имено, ако менаџментот посветува толку малку внимание на тоалетот кој го посетуваат гостите, којзнае колку внимава на хигиената во кујната.

Измастени и запушени садови за сол и бибер
Не само што не се убави за гледање, туку зборува и дека во ресторанот не постои доволна контрола. Тие мора да се исчистат по секоја употреба, а кога гостинот ќе седне, околу него сѐ треба да е беспрекорно уредно.

Празен ресторан во ударните термини
Ако се шетате некаде и во сабота околу 21:00 видите празен ресторан, тоа може да значи дека нешто не е во ред со тоа место. Секако дека постојат олеснителни околности, ако станува збор за ново место или мошне скапо мени, но сепак, во најголем број случаи станува збор за лоша храна или услуга. 

Related Posts with Thumbnails