wordpress counter

10 знаци дека ресторанот е лош (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме пет знаци кои треба да ви бидат речиси сигурен показател дека ресторанот во кој имате намера да јадете не е добар. Денес продолжуваме со уште пет знаци. Сепак, конечната одлука ви ја оставаме вам.

Персонал кој носи плочки со име
Во превод тоа би значело дека храната е подготвена во микробранова печка. Или барем најголем дел од неа. Секако дека има нешто и вкусно и убаво приготвено, но оваа плочка најчесто е знак за медиокритетски ресторан.

Лоша музика
Малите детали ја прават сликата. Така и музиката е мошне важен сигнал за менаџментот, ако сака гостинот да има врвно задоволство. Ако музиката вознемирува додека јадете, многу е веројатно дека нема да одите следен пат.

Плаќање за дополнителна услуга
Иако ова кај нас е реткост, сепак светските трендови вклучуваат плаќање за неколкукратно повикување на келенрите, за мразот во пијалаците, за музика и ред други работи. Доколку седнете во ваков ресторан никогаш не знаете колкава ќе ви биде сметката.

Хигиена
Најважната работа каде што се подготвува и служи храна е хигиената. Се случило да имате непријатна средба со некаква бубачка (под маса, на другата маса, во тоалетот). Тоа е еден од главните знаци кои следниот пат треба да ве предупредат со: „Овде, никогаш повеќе!“

Односот на персоналот
Персонал кој ве прашува дали сте готови со оброкот или пијалкот, значи дека одговорните луѓе не знаат што да прават со своите вработени. Најважна е старата поговорка, дека добрата услуга треба да биде невидилива. Толку. 

Related Posts with Thumbnails