wordpress counter

Бамја – необичен зеленчук

Бамјата (Hibiscus/Abelmoschus esculentus) била одгледувана уште од страна на античките народи на Блискиот Исток, од каде што е пренесена на Балканот, Западна Европа и САД. Кај сите словенски народи, единственото име на овој вид зеленчук е бамја, и е со арапско потекло, а се смета за типичен ориентален зеленчук.

Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина. Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска” („султанија”), „црвена бамја” и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет.

Нејзините необични плодови имаат пријатен, необичен вкус и мирис. Се користат како свежи или исушени за подготовка на различни јадења (особено за македонскиот специјалитет турлитава), а може да се замрзнат, исушат или конзервираат во сол или киселина. Како замена за кафе, може да послужат зрелите семиња, кои се исушени, а потоа се печат и мелат.

Во народната медицина од листовите и стеблата се прават лековити напитоци против пролив и за намалување на шеќер во крвта…

Оваа статијата можете во целост да ја прочитате на ffrm.org.mk

Related Posts with Thumbnails