wordpress counter

Чоколадо и јога?!

Еднo школo за јога понуди навистина интересен концепт на работа. Имено, во текот на часовите, учесниците добиваат и храна. Потоа, заеднички го комбинираат часот со начинот на јадење. Додека уживаат во свежо подготвено пире од тиква и цимет, послужено во сад од бамбус, тренерот ги учи како правилно да го издишуваат воздухот.

Господинот Романели, кој своите часови ги нарече „јога за секого“, обожува да ги комбинира јога часовите со чоколадо. По инструкциите за чатуранга, посетителите на часовите добиваат чоколадни колачиња. Смета дека и доколку луѓето доаѓаат само поради чоколадо или вино, тоа би било супер.

Оваа комбинација на храна и јога отиде и чекор подалеку. Јога школите склучуваат договори со рестораните и заеднички ги изведуваат часовите. Таков е случајот со ресторанот Убунту и едно јога студио во Калифорнија.

Е, сега, норамално е да има и спротивставена страна. „Најчистите“ следбеници на јогата велат дека многу видови храна, како месо и вино, не се компатибилни со филозофијата на јогата. Меѓутоа, вљубениците во храната ќе речат – се што може да се комбинира, треба да се комбинира. Па, дури и јога и чоколадо.

Related Posts with Thumbnails