wordpress counter

Чудотворната бобинка

Сте се запрашале ли некогаш каков би бил лимонот ако е сладок? Или вишната, кивито, лиметата… Од сега веќе нема да мора да си замислувате. Чудотворната бобинка или чудотоворното овошје има навистина неверојатна моќ. Нејзиниот екстракт ги трансформира киселите вкусови во слатки. Освен тоа, одлично делува и врз намалување на телесната тежина.

Уште во 60-тите години на минатиот век, Робер Харви, во тоа време постдипломец на биомедицинските студии, го испитувал ова чудотворното овошје кое расте во западна Африка.

Буквално, можете да каснете една бобинка и потоа слободно да гризнете парче лимон. Не само што лимонот ќе биде сладок, туку тоа ќе биде најдобриот лимон кој било кога сте го пробале.

Но, покрај тоа што делува на вкусот, има особено важни придобивки и по нашето здравје. Имено, со него може киселите вкусови на производите да се прават слатки, без да се додаваат шеќер и засладувачи.

Еден куриозитет е дека делува сѐ на сѐ 30 минути. Кога ќе вкусите неколку од овие бобинки, протеинот кој се нарекува миракулин се врзува за папилите на јазикот и во наредните 30 минути сѐ што е кисело го претвора во слатко.

Може да се користи како додаток во готвењето, при подготовка на сокови и пијалаци, како засилувач на вкусот, за намалување на телесна тежина, како и од дијабетичари и пациенти на хемотерапија.

Related Posts with Thumbnails