wordpress counter

Дали би се решиле за ваков оброк?

Модерното сфаќање за храната е комплетно изменето. Ако некогаш храната била само начин на преживување, денес, тоа е големо задоволство. Но, понекогаш, тоа задоволство може скапо да нѐ чини. Ви претставуваме некои од најскапите оброци во светот.

Најскап сендвич на светот


Овој сендвич се состои од три ката и содржи: пилешко месо, шунка, тврдо варени јајца и бели тартуфи. Се продава во Кливенден, по цена од 8.000 денари. Сепак, овој сендвич им го оставаме само на гастро фанатиците.

Најскапа пица на светот

Ако ја посетите Италија, може ќе налетате и на најскапата пица на светот. Верувале или не, цената и е 8.300 евра. Има топинг од јастог и кавијар и дијаметар од 20 цм. Како информација важна за сладокусците – целата пица е прелиена со коњакот Louis XIII Remy Martin.

Најскап омлет на светот

„Le Parker Meridien”, ресторан во Њујорк, може да се пофали со најскапиот омлет на светот. Се состои од кавијар, цел јастог и 6 јајца. Цената на овој деликатес е 40.000 денари.

Најскап десерт на светот

Сладолед, кој се подготвува во ресторанот „Serendipity“ на Менхетн, е најскапиот сладолед на светот кој е влезен и во Гинисовата Книга на рекорди. Чини преку 40.000 денари и е направен од пет топчиња сладолед од ванила (произведен на Тахити и Мадагаскар), 23-каратно злато кое се јаде и едно од најскапите чоколади на светот, Amadei Pocelan.

Related Posts with Thumbnails