wordpress counter

Декорирање на трпезата и домот за време на Велигден

Велигден е еден од двата најголеми христијански празници. Симболизира победа, повторно раѓање и будење. Покрај тоа, овој празник секогаш се слави во пролет, што е уште една дополнителна можност да се декорира убава, сјајна и свечена трпеза.

Потрудете се да направите што е можно поведра и попријатна атмосфера, со што ќе се нагласи дека тоа е еден од најважните денови во годината. Искористете бои како нежно жолта, зелена, розова или небесно сина. Шаренилото создадено со играта на боите ќе му даде посебност и ведрина на вашиот дом.

Можете да користите декоративни елементи кои имаат пролетен и религиозен мотив. Наместете некое мало велигденско дрвце, на чии гранки можете да ставите траки, цветови, велигденски фигури, ѕвончиња и зајачиња.

Секако, доминатен елемент се велигденските јајца. Денес има безброј бои и техники на нивнo фарбање. Искористете што е можно повеќе, за да добиете што посилен и поубав визуелен ефект. Не заборавајте дека треба да доминира црвената боја.

Можете да поставите вештачка трева и врз неа да ја ставите кошничката со јајца. Обложете ја кошничката со слама или трева во жолта и зелена боја. Не заборавајте на свеќниците или направете сами свеќник со помош на стаклена топка во која ќе ставите вештачки јајца и врз некоја виолетова миризлива свеќа.

Велгиденската трпеза треба да биде свечена и пригодно декорирана. Велигденскиот ручек е посебно доживување, на кое присустуваат сите членови на семејството. Затоа, потрудете се на средина на масата да има убав цветен аранжман, надополнет со украсни и миризливи свеќи, ведра боја на чиниите и чашите. Ситни детали како мало букетче цвеќе покрај секој стол ќе израдува секого.

Не заборавајте дека децата посебно се радуваат на овој празник. Затоа вклучете ги активно во целото украсување, а тие ќе уживаат во тоа. Ако ја украсувате и нивната соба, користете светли и јаки бои надополнети со бројни велигденски фигури и шарени јајца.

И на крај, најважното. Како и да го украсите домот, не се губете само во деталите. Не заборавајте дека ова е празник на кој се слави животот. И секако, посветете внимание на велигденскиот ручек. Направете го најдобро што можете, а ние ќе се потрудиме да ви дадеме идеја.

Related Posts with Thumbnails