wordpress counter

Дешифрирање на етикетите за храна: 100% органско

Во овој серијал ќе се обидеме да го објасниме значењето на поимите органско, 100% природно, без масти, „лајт“ верзија и слични поими кои често се наоѓаат на пакувањата на продуктите кои ги купуваме. Започнуваме со поимот органско или органско производство.

Што значи?
Продуктите кои имаат ознака „100% органско“ значи дека имаат сертификат што подразбира дека се произведени според определени методи и техники кои се добри за земјата од каде е добиен плодот. Овој поим значи дека продуктот содржи најмалку 95% органски состојки.

Здравје
Експертите сè уште се борат да ги докажат позитивните импликации од консумирањето на ваквите продукти, но едно е повеќе од јасно – тие се произведени без штетни пестициди, вештачки ѓубрива, антибиотици, синтетички хормони или генетски инженеринг.

Што треба да се има предвид?
Органската храна најчесто е поскапа од обичната. Затоа, не ги исклучувајте од вашата исхрана ниту зеленчукот или овошјето кои се произведени на конвенционален начин.

Дополнителни информации
Органската храна е важна за нашето здравје. И секако дека треба што е можно повеќе да ја вклучуваме во секојдневниот живот. Важно е да знаете дека најмногу пестициди се користат при производството на праски, јаболка, пиперки, јагоди, цреши, зелена салата и круши.

Related Posts with Thumbnails