wordpress counter

Дешифрирање на етикетите за храна – 100% природно

Во претходната статија го разработивме поимот „100% органско“. Денес ќе разјасниме што значи ознаката „природно“, на продуктите кои ги купуваме.

Што значи?
Тоа значи дека овие производи не содржат вештачки бои, ароми, ниту презервативи. Секако, ниту синтетички состојки.

Здравје
Како и во случајот со органската храна и кај природната нема доказ дека таа храна е подобра за нашето здравје од обичните плодови или продукти. Повеќето од адитивите во храната се покажува дека не се толку лоши по нашето здравје.

Што треба да се има предвид?
Тоа што на некој продукт пишува дека е природно, не значи автоматски дека тој е одличен за нас. И покрај тоа, тој сè уште може да содржи шеќери, масти и многу калории.

Дополнителни информации
Секогаш проверувајте ја листата на состојки и нутриционистичките факти. На тој начин ќе имате најдобра слика за тоа што го купувате. Здравиот избор треба да опфаќа малку шеќери и заситени масти. Ако нешто не ви е јасно, можете слободно да побарате на нашиот портал или да се консултирате со нашата редакција.

Related Posts with Thumbnails