wordpress counter

Големите тајни на месарите (1 дел)

Секој од нас барем еднаш неделно посетува некоја од месарниците кои се во близина на нашиот дом. Интересно е дека постојат бројни тајни и совети кои се однесуваат на чување на месото и негова подготовка, кои вашиот месар нема да ви ги каже. Ние ќе се обидеме да нaведемe некои од нив, за да добиете врвен специјалитет кога ќе готвите.

Совет 1
Кога ќе го донесете месото дома, веднаш извадете го од хартија и ставете го во алуминиумска фолија или во пластично кесе. Притоа, обидете се да го извлечете воздухот, колку што можете повеќе.

Совет 2
Повеќето луѓе премногу долго го готват месото. Секогаш имајте при рака термометар за готвење. Имајте предвид дека храната продолжува да се готви и откако ќе ја тргнете од оган. Така, некое парче месо, кое кога ќе го тргнете од скара ви изгледа како недопечено, по кратко време ќе испадне дека е средно печено.

Совет 3
Месото од животни кои се хранети со природна храна е многу поздраво. Но, сите знаеме дека ова месо е помалку вкусно од она „другото“. Како и да е, подобро е да се храниме со месо кое е добиено од животни кои се хранат со трева.

Related Posts with Thumbnails