wordpress counter

Големите тајни на месарите (2 дел)

Во првиот дел наведовме три совети кои се од големо значење, доколку сакате од месото да направите вистински специјалитет. Продолжуваме и овој пат со неколку совети и тајни кои ниту еден месар нема да сака да ги сподели со вас.

Совет 4
Доколку сакате навистина свежо месо, не заборавајте да го погледнете датумот на пакувањето. Во идеални услови, месото ќе биде пакувано на денот кога сте го купиле или претходниот ден.

Совет 5
Најдоброто месо е таканаречениот бистро стек, односно делот од говедското месото кое е продолжение на дијафрагмата. Порано бил познат и како месарски стек, поради фактот што месарите не сакале да го продаваат туку да го чуваат за своја употреба.

Совет 6
Доколку ви е потребна помош за месото (на пример да се исече тенко, специјално да се подготви, да се отстранат маснотии), побарајте помош од месарот. Тој ќе го направи тоа само ако го побарате од него. И тоа без да ви наплати.

Совет 7
Тајната на месото е во подготовката. И најдобриот стек има вкус на гума ако не е зготвен на вистински начин. Во таков случај не е проблемот во месото и месарницата, туку во готвачот.

Related Posts with Thumbnails