wordpress counter

Готварскиот предизвик на НАСА

Американската вселенска агенција НАСА им упати предизвик на учесниците на реалното шоу „Top Chef“. Беше потребно да подготват јадење кое ќе може да се замрзне, да се консумира сушено и ќе може да се испрати во вселената.

Натпреварувачите работеа според нутритивниот водич на НАСА, а оброците беа служени во Центарот на НАСА во Гринбелт. На вечерата присуствуваше и првиот човек кој стапна на Месечината, Едвин Олдрин, потоа Падма Лакшми и Ентони Бурдеин.

Победник е Анџело Соса и неговиот оброк кој се состои од ребра со ѓумбир, пире од грашок, кисели печурки и crème fraiche од рен ќе се служи во вселената. Соса, покрај автомобилот, како дел од наградата ќе присуствува како специјален гостин на следното лансирање на вселенски брод од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Инаку, целта на НАСА е да ги снабди астронаутите со храна која би требало што е можно повеќе да личи на онаа која ја јадат на Земјата. Затоа, уште од почетоците на Аполо програмата се посветува особено внимание на ова прашање. Досега, во вселената одлетаа и преку 180 видови храна и пијалаци, меѓу кои и коктели од ракчиња, говедско со печурки, супа од домати и босилек и пијалаци во прав, како кафе, чај, сок од портокал и лимон.

Related Posts with Thumbnails