wordpress counter

Холандски ресторан создава мода која се јаде

Еден холандски ресторан се занимава со навистина посебен начин на задоволување на барањата на своите гости. Станува збор за мода која се јаде. Имено, текстилниот дизајнер Марџолеин Винтјес и готвачот Ерик Меуринг, ја создадоа концептуалната продавница која во исто време е дизајн студио, работилница, ресторан, продавница и галерија.

Таму се создаваат современи специјалитети и деликатеси, а понекогаш и нов начин на консумирање на храната. Она за што пишуваме е гардеробата која може да се јаде. Поточно, овие двајца врвни креативци создаваат колекции од зеленчукови влакна и други продукти кои се јадат.

Со еден збор, станува збор за силно „протресување“ на нашиот традиционален начин на гледање и консумирање на храната. И затоа мора да им се симне капа. Во продолжение, ве оставаме да уживате во нивните ремек дела.


Related Posts with Thumbnails